Достапни линкови

logo-print

Нови жртви поради ниските температури во Европа


Европа се соочува со најниските температури во последниве децении, а бројката на жртви се искачи на 80. Во Украина 13 лица умреле од студ во изминатите 24 часа. Во Полска изминатата вечер починале 5 лица. Температурите во двете земји паднаа до -30 степени во некои региони.
Најголем дел од жртвите биле бездомници. Во меѓувреме и големите наноси на снег го отежнаа собраќајот низ Европа.
XS
SM
MD
LG