Достапни линкови

Ахмадинеџад го претстави годишниот буџет на Иран


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад го претстави буџетот кој според критичарите нема да ги реши економските проблеми, кои настанаа во земјата поради меѓународните санкции заради нуклерната програма.
Говорејќи пред Парламентот Ахмадинеџад рече дека буџетот ќе изнесува 415 милијарди долари и е проектиран врз основа на зголемување на данокот, што ќе овоможи за одбрана да бидат потрошени двојно повеќе пари.
Во буџетот е предвидено и кратење на владините трошоци и зголемување на инвестиците во развојни проекти, на што се гледа како на популистички потег, пред парламентарните избори наредниот месец.
XS
SM
MD
LG