Достапни линкови

logo-print

Меѓуетнички тензии или свртување на вниманието?


Протест на албански невладини организации во Скопје во 2010 година.

Протест на албански невладини организации во Скопје во 2010 година.

Комитетот за односи меѓу заедниците расправаше за подгревањето на меѓуетничките тензии и инцидентите во струшко.

Целосно смирување на состојбата и враќање на довербата меѓу етничките и верските заедници. Централната и локалната власт да продолжат да го поттикнуваат меѓусебниот дијалог и соработка, невладиниот сектор да биде силен партнер за јакнење на довербата, верските заедници да ги негуваат вредностите на толеранција, разбирање и почит меѓу луѓето, а медиумите да придонесат за смирување на тензиите, се дел од заклучоцитен на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците.
Апелирам дека сите заедно мора да знаеме на кој начин, на каков начин ќе се вложат и поединците и нивната реторика без популистички основи.

Градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко, во однос на последните инциденти во Вевчани, побара инволвирање на политичките субјекти со цел да се сочува меѓуетничкиот соживот.

„Мислам дека нашата порака и понатаму е во Струга да се сочува соживотот, како етничкиот, така и конфесионалниот“, вели Мерко.
Валентина Божиновска, претседателка на Комисијата за односи меѓу верските заедници.

Валентина Божиновска, претседателка на Комисијата за односи меѓу верските заедници.


Градоначалникот на општина Вевчани, Перо Илиевски, порача дека сите треба да работат кон смирување на ситуацијата и спречување на инциденти:

Проблемот тука не е меѓуетнички, туку вештачки се поттикнува и од минатите влади и од актуелната влада за да всушност се оттргне вниманието од актуелните реални проблеми.
„Колку и да се мали тие, но кои влијаат на меѓуетничките односи во Република Македонија. Мислам дека нашата порака е и понатаму во Струга да се сочува соживотот, како етничкиот, така и религискиот, да се почитуваат заедниците и во иднина да немаме инциденти од оваа природа.“

Никој од нас не знаеше дека ќе се случат овие настани кои се за силна осуда, рече Валентина Божиновска, претседателката на Комисијата за односи меѓу верските заедници.

„Но, верувам дека ќе се решат институционалано. Ниту, пак, некој може да знае што ќе се случи утре на верска основа, но затоа апелирам дека сите заедно мора да знаеме на кој начин, на каков начин ќе се вложат и поединците и нивната реторика без популистички основи“, рече Божиновска.
ИВЗ протестира зашто на поставувањето камен-темелници и осветувањето на нови објекти присуствуваат само свештеници од МПЦ.

ИВЗ протестира зашто на поставувањето камен-темелници и осветувањето на нови објекти присуствуваат само свештеници од МПЦ.


Орхан Ибраими од Демократската партија на Албанците смета дека инцидентите се начин на одвлекување на вниманието.

„Затоа што проблемот тука не е меѓуетнички, туку вештачки се поттикнува и од минатите влади и од актуелната влада за да всушност се оттргне вниманието од актуелните реални проблеми“, рече Ибраими.

Зачудува и поврзувањето со православната вера, а особено со православната црква и посегнувањето по православните храмови, најпрво со пишување на непристојни графити и навредливи пораки, а потоа и со подметнување на пожар во православните светилишта.
Џеват Адеми од ДУИ праша што прави државата:

„Државата треба да постапи силно и моќно, да ги открие идеолозите, поттикнувачите и сторителите.“

Претставникот на МПЦ, Благоја Ацевски, во однос на случувањата во Вевчани, потсети дека во православието не се признаваат карневалите.

„Оттаму зачудува и поврзувањето со православната вера, а особено со православната црква и посегнувањето по православните храмови, најпрво со пишување на непристојни графити и навредливи пораки, а потоа и со подметнување на пожар во православните светилишта.“

Претставникот на ИВЗ, Дритон Дикена, изнесе бројни забелешки за постапките на власта, кои ги оцени за проблематични: Проектот Скопје 2014, необновувањето на џамијата во Прилеп, присуството на само една верска заедница на осветувањето на нови објекти и слично.

„Да се направи нанесување навреда на верата, тоа е најчуствителното прашање во исламот. Да се поистоветува Куранот со полов орган, мислам дека ќе се сложите сите вие дека не само што е вулгарно, туку и под достоинството на човекот. Заменувањето на тезите е мошне опасно. Карневалот е паганска потреба за некого, за некого е културолошка вредност, но за нас исламот е свето нешто“, рече Дикена.
XS
SM
MD
LG