Достапни линкови

Тужба против капетанот на Коста Конкордија


Италијанскиот брод Коста Конкордија

Италијанскиот брод Коста Конкордија

Група на деветнаесет германски туристи поднеле тужба во нивната земја против капетанот на италијанскиот брод Коста Конкордија, која се насука во близина на Тоскана.
Нивниот адвокат, Ханс Реинхард изјави дека капетанот Франческо Четино ги изложил патниците на опасност и не успеал да им обезбеди помош на лицата во неволја. Според адвокататот целта на тужбата не е Четино да заврши на суд, туку да се зголемат барањата за оштета од италијанската бродска компанија.
XS
SM
MD
LG