Достапни линкови

Казахстански активист за човекови права ќе биде ослободен од затвор


Казахстанскиот активист за човекови права Јевгени Жовтис

Казахстанскиот активист за човекови права Јевгени Жовтис ќе биде амнестиран, откако отслужи повеќе од половина од четиригодишната затворска казна за убиство. Жовтис кој е поранешен шеф на казахстанското меѓународно биро за човекови права во телефонски разговор со Радио Слободна Европа изјави дека ќе излезе од затвор за 15 дена.
Жовтис беше осуден на 4 години затвор во 2009 година, бидејќи со својот автомобил згази пешак. Неговото судење беше окарактеризирано како политички мотивирано и беше критикувано од меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG