Достапни линкови

Талибанците негираат дека ќе преговараат со авганистанските власти


Талибанци

Авганистанските талибанци негираа дека наскоро ќе започнат мировни преговори во Саудиска Арабија со администрацијата на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.
Нивниот потпарол Забихулах Мујахид изјави дека талибанците се обидуваат да пронајдат заеднички јазик со меѓународната заедница, преку канцеларијата за врски во Катар.
Но според него, талибанците не го достигнале крајниот процес на преговорите со САД и со нивните сојузници, бидејќи потребно е да се спроведат некои мерки за да се создаде доверба.
XS
SM
MD
LG