Достапни линкови

logo-print

Фондот за здравство повторно удри по невработените


Роднини ги разнесуваат пациените од една на друга Клиника на Клиничкиот центар во Скопје.

Роднини ги разнесуваат пациените од една на друга Клиника на Клиничкиот центар во Скопје.

Намален годишниот лимит на приходи со кој невработените добиваат право на бесплатна здравствена заштита. Оние што имаат месечен приход над 8.050 денари ќе плаќаат по 1.100 денари за сини картони, а тие што од некаде добиваат хонорар над 15.300 денари, за здравство ќе плаќаат 2.200 денари месечно. Кратења и за болните - луѓето што се на боледување подолго од три недели, наместо 85 отсто од платата, како досега, ќе добиваат само 70 отсто од платата.

Невработените од денеска повторно се пререгистираат за сини картони. За само пет месеци ова е втора пререгистрација. За разлика од минатиот пат кога пред Фондот за здравствено осигурување имаше турканици и метеж, на првиот ден од новата пререгисрација, нема толку луѓе. На оние кои ние ги затекнавме, не им беше баш јасно зошто мора повторно да се регистрираат и зошто пак да даваат пари за изводи, државјанство и копии за документи за да го направат истото она што го сториле пред 5 месеци.

Два месеци социјално немаме, некој е зависен од социјално, а никого не го интересира. Државата не ја интересира дали имаш да јадеш или немаш и дали имаш пари за тие документи.
Оние кои се пререгистрирале минатиот пат, сега треба да достават само изјава за годишниот приход и здравствената легитимација на увид. Новите невработени, пак, ќе треба да достават куп документи.

„Минатата година се правеше пререгистрација, сега пак оваа година, а дали човек може да чека, еве сум со болен бубрег не можам да стојам во редот.“
Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на битолската болница.

Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на битолската болница.


„Два месеци социјално немаме, некој е зависен од социјално, а никого не го интересира. Државата не ја интересира дали имаш да јадеш или немаш и дали имаш пари за тие документи.“

Прво беше грешка да имаме најмал процент на придонес во опкружувањето, да не речам во Европа. На здравство кое диши на шкрги се намалија продонесите, второ е превработеност на немедицински кадар во здравството, тука е другото место кај што може да се штеди, а да не биде на штета на пациентите, друго јас не гледам кај што може да штеди. Ианку многу капацитет за штедење нема.
„Не донеле белешки дека има деца над 18 години, па ги носев документите на обработка, па ми рекоа да дојдам тука да ги поднесам“, велат граѓаните што ги анкетиравме пред Фондот за здравствено осигурување во Скопје.

Новата пререгистрација уследи откако Министерството за финансии го намали годишниот лимит по семејство, со кој невработените се ослободуваат од плаќање за да добијат сини картони. Така, наместо 132 илјади денари, годишниот лимит е намален на 96.600 денари.

Невработените кои по некој основ преку трансакциска сметка примиле повеќе од 96.600 денари годишно, односно приход повисок од 8.050 денари месечно, за сини картони ќе мора да плаќаат по 1.100 денари месечно. Оние, пак, кои имаат приходи повисоки од 183.546 денари, односно повеќе од 15.300 денари месечно, ќе треба да праќаат по 2.200 денари за картончиња.

Фондот за здравство го намали и процентот од плата што го добива осигуреникот доколку користи боледување подолго од 3 недели. Со одобрение на министерот за здравство, наместо 85 проценти, сите што од денеска ќе отворат боледување подолго од 21 ден, од Фондот ќе добијат само 70 проценти од својата плата.

Дека Фондот е во криза се согласија и пратениците на собраниската дебата за состојбите во здравството. Според нивните информации, сега долгот изнесува милијарда и 400 милиони денари, односно околу 23 милиони евра.

Земаат од секаде по малку, но со тоа не може да се решат проблемите на Фондот, вели поранешниот директор на ФЗО, Никола Пановски.

„Прво беше грешка да имаме најмал процент на придонес во опкружувањето, да не речам во Европа. На здравство кое диши на шкрги се намалија продонесите, второ е превработеност на немедицински кадар во здравството, тука е другото место кај што може да се штеди, а да не биде на штета на пациентите, друго јас не гледам кај што може да штеди. Инaку многу капацитет за штедење нема.“

Невработените треба да се пререгистрираат до крајот на март.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG