Достапни линкови

Десетици жртви од студот во централна Европа


Украинските служби за итна помош соопштија дека уште 13 луѓе умреле од екстремно ниските температури, со што бројот на жртвите во последниве неколку дена достигна 43 починати лица. Уште околу 700 луѓе биле хоспитализирани поради измрзнување. Во некои региони на Украина температурите се спуштиле и до минус 33 степени. Екстремно ниските температури и во делови од Чешка и Словачка, во последниве 24 часа однесоа 5 човечки животи. Станува збор главно за бездомници. Според прогнозите на меторолозите, најстудените денови ќе бидат кон крајот на неделава.
XS
SM
MD
LG