Достапни линкови

Албанци спречија пожар на Црквата Свети Ѓорѓи


Локалните жители албанци спречиле ширење на пожарот на црквата Свети Ѓорѓи кај Мала Речица, јавуваат локалните македонски медиуми. Таму имало оган покрај зидот на црквата при што тој бил оцрнет а два прозори биле оштетени
Од друга страна, се јавува и дека црквата "Свети Никола" во Лабуништа не била запалена туку шупата од помошната прос¬то¬ри¬ја на црквата, пишува "Вест". Селаните, тврдат дека никој во селото ни христијанин ни муслиман не би го сторил тоа и дека тоа е направено од луѓе од надвор кои сакаат да предизвикаат меѓу етнички инциденти.
XS
SM
MD
LG