Достапни линкови

logo-print

Заедничко соопштение на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за настаните во струшко


Струга

Струга

ВМРО ДПМНЕ и ДУИ на заедничка средба ги анализираа последните случувања во државата, особено тие во регионот на Струга и заеднички ги осудија сите дејствија кои имаат директно или индиректно влијание врз меѓуетничките и меѓуверските односи. Во заедничкото соопштение на двете партии се потенцира значењето на градењето и унапредувањето на меѓуетничкото и меѓуконфесионалното разбирање и почитување меѓу граѓаните на Република Македонија. Меѓуетничкото, а особено меѓуверското почитување има долга традиција во Република Македонија, затоа не смееме да дозволиме поединечни провокации на спортски натпревари, културни манифестации, но и вандалски акти врз верски објекти да ги нарушат, ниту смееме да дозволиме да бидат повод за внесување на дополнителна недоверба и непочитување кон државните симболи.
Затоа коалициските партнери најостро се оградуваат и ги осудуваат случувањата, се вели во соопштението. Коалициските партнери поддржуваат решавање на случаите на провокации и насилство, кои се во правец на нарушување на добрите меѓуетнички и меѓуверски односи.
Се повикуваат сите граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната етничка или религиска припадност, да не подлегнат на провокациите и да ја сочуваат ладнокрвноста и со тоа да придонесат кон сочувување на соживотот во нашата земја, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
XS
SM
MD
LG