Достапни линкови

Победа на Мит Ромни во Флорида


Мит Ромни

Мит Ромни

Мит Ромни извојува голема победа на прелиминарните избори во американската сојузна држава Флорида за кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во ноември годинава.
По пребројувањето на речиси сите гласови, поранешниот гувернер на Масачусетс освоил 46 проценти, а на второ место е поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич со 32 насто.
Другите кандидати, поранешниот сенатор Рик Санторум и конгресменот Рон Пол освоиле 13 и 7 проценти од гласовите.
XS
SM
MD
LG