Достапни линкови

Советот за безбедност на ОН расправаше за Сирија


Набил ал Араби

Набил ал Араби

Советот за безбедност на ОН одржа седница на која претставници на Арапската лига го презентираа извештајот за ситуацијата во Сирија, каде што во 10-месечните немири загинале околу 5.400 луѓе.
Генералниот секретар на Лигата Набил ал Араби го повика Советот да преземе брза и решителна акција за да го запре крвопролевањето во Сирија.
Премиерот на Катар, Шеик Хамад бин Јасим ал Тани изјави дека сириската машина за убивање сеуште работи. Тој рече дека не повикува на воена интервенција, туку укажува дека има потреба од конкретен економски притисок, со кој ќе се натера режимот на Башар ал Асад да ги исполни барањата на народот.
Американскиот Државен секретар Хилари Клинтон изјави дека поднесената резолуција до Советот за акција против Сирија не поддржува воена интервенција, на која се противат Русија и Кина.
Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин рече дека неговата земја и натаму не прифаќа интервенција од други земји и поддржува дијалог меѓу противставените страни во Сирија.
Западните дипломати се надеваат дека за резолуцијата за Сирија ќе се гласа во текот на оваа недела.
XS
SM
MD
LG