Достапни линкови

Заврши посетата на тимот на МААЕ на Иран


Делегацијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја заврши тридневната посета на Иран, каде што имаше средби со властите на оваа земја, но без очигледен знак за намалување на тензиите во врска со нуклеарната програма на Техеран. Иранските медиуми јавија дека двете страни се согласиле да одржат нови преговори, но не дадоа детали во врска со разговорите.
Според новинската агенција ФАРС, разговорите биле конструктивни, додека агенцијата ИСНА јави дека делегацијата не посетила некој од нуклеарните објекти. Посетата на тимот на МААЕ доаѓа по неодамнешниот нејзин извештај во кој се сугерираше дека нуклеарната програма на Иран може да има воени елементи. Иран останува на ставот дека неговата програма е целосно мирна.
XS
SM
MD
LG