Достапни линкови

Земјите од ПСЈИЕ бараат да продолжи проширувањето на ЕУ


По приемот на Хрвaтска во ЕУ треба да се оддржи поддршката за интеграција на сите земји од регионот, бидејќи тие се силен фактор за мотивација за спроведување на реформите. Тоа е заклучокот од денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите вклучени во Процесот за соработка во ЈИЕ во Белград на кој учествува и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
На форумот особен акцент е ставен на борбата против организираниот криминал кој се оценува како постојана закана за напредокот на регионот.
Попоски на маргините од состанокот ќе има билатерални средби со неговите колеги од Турција и Хрватска, Ахмет Давутоглу и Весна Пусиќ, со домаќинот српскиот министер за надворешни работи Јеремиќ, како и со шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас.
XS
SM
MD
LG