Достапни линкови

Бан Ки Мун повикува на надминување на несогласувањата за Сирија


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун изјави дека Безбедносниот Совет треба да ги надмине несогласувањата околу планот на Арапската лига за ставање крај на насилството во Сирија. Русија се противи на предлогот, бидејќи смета дека тој ќе ја однесе Сирија на работ на граѓанска војна.
На прашањето за ставот на Русија, Ки Мун одговори дека состанокот на Безбедносниот Совет ќе биде можност да се постигне договор за тоа како да се реши кризата.
Во резолуцијата се повикува сирискиот лидер Башар ал Асад да ја предаде власта на неговите заменици и инсистира да нема странска воена интервенција во конфликтот.
XS
SM
MD
LG