Достапни линкови

logo-print

Груевски се сретна со турскиот премиер Ердоган


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски во Анкара оствари средба со неговиот турскиот колега Реџеп Таип Ердоган. Груевски по средбата изјави дека го информирал Ердоган за интеграцијата на Македонија во НАТО за економијата и можностите за инвестирање во земјата.
Според Груевски, Ердоган истакнал дека и натаму ќе им дава поддршка на турските инвеститори да вложуваат во Македонија и ќе работи на зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Ердоган изразил поддршка и за евроатланска интеграција на Македонија и уверување дека Анкара на Самитот во Чикаго ќе застане зад интересите на Македонија.
XS
SM
MD
LG