Достапни линкови

МВР ги презема сите мерки за расчистување на инцидентите во Струга


Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска

Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за расчистување на инцидентите во Струшко и откривање на лицата кои стојат зад нив и нивно изведување пред надлежниот суд.
Министерката Гордана Јанкулоска во писмена изјава ги повика граѓаните од Струга и околината да не подлегнуваат на провокациите и да покажат дека иднината е во меѓуетничкото и меѓурелигиското почитување.
Освен два мирни протеста денеска во регионот не биле регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир.
XS
SM
MD
LG