Достапни линкови

Американската амбасада загрижена за состојбата во Струга


Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс

Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс

Американската амбасада во Македонија соопшти дека е загрижена за зголемувањето на меѓуетничките тензии и протестите во Струга. Според соопштението актите на неколку лица или групи кои се со цел да бидат повредени останатите етнички или религиозни групи се неодговорни и се закана за стабилноста, толеранцијата и мирот во општеството.
Амбасадата ги поддржува напорите на македонските власти и Парламентот за смирување на страстите и ќе продолжи да ги повикува сите страни во дух на добра волја да ги решаваат прашањата врз основа на меѓусебно разбирање и во хармонија на меѓусебните етнички и религиозни односи.
XS
SM
MD
LG