Достапни линкови

Груевски повика на смирување на ситуацијата во Струга


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска повика на смирување на состојбата во Струга и таа да не се злоупотребува во политички цели, бидејќи е на штета на сите граѓани без оглед на етничката и верската припадност.
Груевски одговорајќи на новинарско прашање по средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Анкара побара од сите политичари, партии и поединци кои што ја злоупотребуваат ситуацијата и верниците и различните етнички групи да престанат да го прават тоа, бидејќи на тој начин нема да успеат да дојдат до повеќе политички поени.
XS
SM
MD
LG