Достапни линкови

Пластични шишиња за парче леб


32-годишниот Далибор Димитиревски собира пластични шишиња за да ги прехрани двете деца-основци во Куманово.
32-годишниот Далибор Димитиревски собира пластични шишиња за да ги прехрани двете деца-основци во Куманово.

Семејството на 32-годишниот Далибор Димитиревски од Куманово едвај преживува со парите што ги заработува од собирање пластичен отпад. Тој вели дека не бара милостина, туку работа за да може да си ги прехрани децата.

Уште во раните утрински часови секој ден 32-годишниот Далибор Димитиревски од Куманово ги облекува скинатите патики, без зимска облека, со количка тргнува во претрага на кумановските контејнери барајќи пластични шишиња. Со друга количка, пак, на друга страна оди неговата мајка, 54-годишната Славица. Од продадениот пластичен отпад, добиваат по стотина денари со кои им купуваат леб на двете малолетни деца на Далибор.
Не сакам никој да ме сожалува и да ми помага. Бев неколку пати кај градоначалникот, ама никој не сака да ме сослуша. На секоја врата никој не сака да сослуша. Груевски вели дека секое дете треба да учи школо. Како? Од шишињата што ги собираме можам да купам само леб.
Далибор Димитиревски.

Но, на децата им треба и топла соба која ова семејство ја затоплува од соберени прачки. Ќерката на Далибор е седмо одделение, а синот петто. И тие без зимска облека и најчесто гладни одат на школо. Но, Далибор не бара милостина. Тој само бара некаква работа од која на децата ќе им обезбеди пристојна живеачка. Неговата сопруга не живее со нив бидејќи е инвалид, а услови за живот во куќата нема.
Славица Димитриевска.
Славица Димитриевска.

„Не сакам никој да ме сожалува и да ми помага. Бев неколку пати кај градоначалникот, ама никој не сака да ме сослуша. На секоја врата никој не сака да сослуша. Груевски вели дека секое дете треба да учи школо. Како? Од шишињата што ги собираме можам да купам само леб.“
Откако не отпуштија останав со илјада денари социјална помош со кои треба да живееме сите четворица. Сега не водат како да сме вработени, а седиме дома. Работа му треба на син ми за да може децата да си ги прехрани, а и жената да си ја врати дома, зашто на децата таа им треба.
Славица Димитиревска.

РСЕ: Примате ли социјална помош?

„Не, сопругата прима, а таа е инвалид. Во Центарот за социјално директорот ми помогна мајка ми да прима помош. Од сто денари што попрво да обезбедиш. Ми требаат пари и за документите, па затоа сум задоцнил со подговотки на документите. Децата во патики одат на школо. За огрев, кога собираме шишиња собираме и прачки.“
Сиромашното семејство на Далибор Димитиревски од Куманово.
Сиромашното семејство на Далибор Димитиревски од Куманово.

Далибор вели дека е млад, здравјето добро го служи и може да работи, но помошта му е потребна за децата. Малата куќа ја изградил сам со татко му кој починал, а поради немање доволно пари таа останала недовршена. Славица, пак, раскажува дека 25 години работела во сега затворениот Тутунски комбинат во Куманово.

„Откако не отпуштија останав со илјада денари социјална помош со кои треба да живееме сите четворица. Сега не водат како да сме вработени, а седиме дома. Работа му треба на син ми за да може децата да си ги прехрани, а и жената да си ја врати дома, зашто на децата таа им треба.“

Таа се грижи што петтоодделенецот добил ниска оценка затоа што немал пари да купи некои помагала за работа на час. За тоа дека немаат пари, ниту Славица, ниту Далибор не известиле никого во училиштето, зашто децата се срамат од нивната состојба и не сакаат никој да знае. Сепак, Славица вели дека се принудени да побараат разбирање или некаква помош и од училиштето, зашто децата не сакаат да имаат ниски оценки заради сиромаштијата.

Далибор раскажува дека кога ќе се разболат немаат пари да одат на лекар, па сами се лекуваат. Тој покажува на жбунчиња трева смрзната во близина на нивната куќа. Од тревата го вадат коренот и од него варат чај, за да закрепнат, а како што вели Далибор, коренот на „гологуза“ е добар за дишните патишта.

„Ете, така се снаоѓаме, зашто немаме друг избор“, завршува Далибор, на брзина врзувајќи ја црната вреќа со пластичен отпад за поскоро да ги земе тие стотина денари и за тој ден да им купи леб на децата.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG