Достапни линкови

Францускиот уставен суд ќе го разгледува законот за геноцидот врз Ерменците


Горниот дом на францускиот парламент

Горниот дом на францускиот парламент

Повеќе од 140 француски пратеници и сенатори побараа Уставниот суд да ја испита законитоста на новиот предлог закон со кој кривично ќе одговараат оние кои го негираат геноцидот врз Ерменците од страна на Отоманските Турци кој се случил пред еден век.
Двата дома на францускиот Парламент го усвоија законот во изминатиов период, по што следеше остра реакција од страна на Турција.
Францускиот претседател Никола Саркози треба во февруари да го потпише предлог законот за тој да стапи на сила.
XS
SM
MD
LG