Достапни линкови

Меѓународни доктори ќе ја прегледуваат Тимошенко


Поранешниот премиер на Украина, Јулија Тимошенко

Поранешниот премиер на Украина, Јулија Тимошенко

Украинското министерство за надворешни работи соопшти дека подготвило листа на меѓународни доктори кои ќе треба да извршат преглед на поранешниот премиер Јулија Тимошенко. Се уште не се знае кога групата на доктори од Канада, Германија и меѓународниот комитет на Црвен крст ќе ја прегледаат Тимошенко, која е во затвор од октомври во мината година, поради злоупотреба на функцијата.
Нејзините приврзаници соопштија дека Тимошенко се жалела за нејзиното здравје и побарала независен лекарски преглед.
XS
SM
MD
LG