Достапни линкови

Рекордна невработеност во еврозоната


Невработеноста во земјите членки на еврозоната во изминатата година изнесувала10.4 проценти, што претставува нов рекорд откако е воведено еврото во 1999 година.
Според официјалната агенција на ЕУ за статистика Евростат речиси 16 ипол милиони луѓе биле невработени во еврозоната до крајот на 2011 година. Најголема стапка на невработеност има во Шпанија, каде околу 22.9 насто од населението е без работа, а по неа следи Грција со 19.2 насто.
Земјата со најниска стапка на невработеност во еврозоната е Австрија со 4.1 насто, а по неа следи Холандија со 4.9 насто.
XS
SM
MD
LG