Достапни линкови

Струга зоврива од увезени инциденти


Архивска фотографија: Илустрација.
Архивска фотографија: Илустрација.

Полицијата го истражува случајот со опожарувањето на црквата Свети Никола во Лабуништа. Увидот ќе биде долг и темелен, велат од СВР Охрид. Градоначалникот на Струга повика на смирување.

Поради специфичните услови на теренот, увидот на местото на пожарот којшто синоќа изби во црквата Свети Никола во Лабуништа е одложен за денеска. Екипа од истражен судија, обвинител, криминалистичка техника и инспектор ќе треба да ги утврдат штетите за кои за сега нема детален преглед дали се ограничени на помошните простории или се проширени и кон внатрешноста на црквата, вели Стефан Димоски од СВР Охрид.
Увидот ќе биде малку подолг, потемелен, нема да е брз и краток. Затоа што треба да се утврдат мотиви, да се направи детален преглед што е оштетено, како е оштетено, и да се видат причините дали станува збор за подметнување, или за некоја друга причина за настанување на пожар.
Стефан Димоски, СВР Охрид.

„Увидот ќе биде малку подолг, потемелен, нема да е брз и краток.“

РСЕ: Зошто?

„Затоа што треба да се утврдат мотиви, да се направи детален преглед што е оштетено, како е оштетено, и да се видат причините дали станува збор за подметнување, или за некоја друга причина за настанување на пожар.“

Рано изутринава струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на иницијатива на американската амбасада во Македонија, имал средба со советникот за политички прашања на амбасадата при што, како што информира Мерко, биле разменети пораки за воздржување од понатамошно распламтување на страстите.

Градоначалникот на Струга, вели дека ​
интензивно се работи на терен за да се смират страстите. По вчерашната средба со претставници на речиси сите релевантни институции и месни заедници, денеска во градот ќе заседава комисијата за локална превенција а повикани се и градоначаникот на Вевчани, претставници на советот во таа општина и организаторите на вевчанскиот карневал.
Вевчани и Вевчанскиот карневал е друга општина, а сета проблематика се случува во Струга. И навивачите навиваа во Ниш, а сите инциденти се прелеваат тука во Струга, значи на некој начин ние работиме да ги изолираме инцидентите.
Рамиз Мерко, градоначалник на Струга

„На некој начин да дадемe порака понатака да нема инциденти, да не потпаѓаме под влијание на некоја политика од страна“, вели Мерко.

Струшкиот градоначалник повикува на воздржување од провокации, зошто како што вели тие во Струга доаѓаат однадвор.

„Значи и Вевчани и Вевчанскиот карневал е друга општина, а сета проблематика се случува во Струга. И навивачите навиваа во Ниш, а сите инциденти се преливаат тука во Струга, значи на некој начин ние работиме да ги изолираме инцидентите“, додава Мерко.

Синоќешниот пожар во струшкото село Лабуништа следува по низата инциденти во градот со етнички и верски предзнак.

По повод инцидентите со етнички и верски предзнак се огласија и Партијата за европска иднина и Санџачката лига, кои регираат на, како што велат, провокациите и навредите на Вевчанскиот карневал, но и на молкот на власта. Годинашниот карневал во Вевчани беше очигледно политички злоупотребен од страна на владејачката колаиција велат од ПЕИ и бараат координирани активности на политичките партии за смирување на тензиите.
XS
SM
MD
LG