Достапни линкови

logo-print

Од утре околу 1.200 лекови треба да се продаваат по пониски цени. Граѓаните се плашат дека ветувањата нема да се исполнат. Експертите предупредуваат на можност да се затворат дел од аптеките и веледрогериите поради новите намалени цени.

Инспекторите од денеска се на терен за да проверуваат дали фармацевтските компании ќе ги намалат цените на лековите според договореното, најави денеска директорот на бирото за лекови Илчо Захариев. Од утре треба да стартуваат новите пониски цени за околу 1.200 лекови.

Граѓаните велат дека цените на лековите се високи и дека се делумно недостапни за македонскиот стандард.
Постои место лековите да се намалат, ако лекот не е во оптек, компанијата што ќе прави, исто како со автомобилите, зошто се затвараат фабриките, немаат луѓе пари, не се купува исто така и со лековите, иако лековите не се автомобили, лекот е лек.
Тие стравуваат дека, со оглед на случувањата, нема да се исполнат ветувањата и дека постои можност дел од оние лекови за хронично болните да се повлечат и да бидат недостапни.

„Што да зборувам за џабе, не верувам, викаат ќе поевтинат 30 процeнти, ќе поевтинат волку, онолку и нема. Можеби тоа е реклама дека ќе поевтинат, ама зависи и од фирмите.“

„Па не знам, се се очекува.“

„Не, затоа што кај нас се е наопаку.“

„Постои место лековите да се намалат, ако лекот не е во оптек, компанијата што ќе прави, исто како со автомобилите, зошто се затвараат фабриките, немаат луѓе пари, не се купува исто така и со лековите, иако лековите не се автомобили, лекот е лек.“

Компаниите од европските земји кои практично пласираат на светскиот пазар само свои препарати кои се единствени и ги нема како генерички, на почетокот најавија заминување, но кога ги видоа сите факти и направија пресметките, тие сфатија дека нивните лекови се поефтини во Холандија, Велика Британија и верувајте ниту една компанија не го напушти македонскиот пазар.
Експертите предупредуваат на можност да се затворат дел од аптеките и веледрогериите поради новите намалени цени. Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец неодамна изјави дека ова е популистичка мерка и дека за една година поголемите фармацевски компании ќе се повлечат од македонскиот пазар поради неисплатливост.

„За година дена Македонија ќе остане црна дупка во снабдувањето со лекови. Значи она што го имаме како можност за снабдување со лек во овој момент, ќе го немаме затоа што никој од нив не мисли повеќе да се занимава со продажба на лекови на пазар како што е македонскиот, а тоа ќе биде една ситуација во која повторно пациентите ќе мора да одат во странство и да бараат лекови.“

Захариев уверува дека компаниите кои најавија свое заминување во разговорите со владините претставници договорија соработка, односно дека ќе останат на македонскиот пазар.

„Компаниите од европските земји кои практично пласираат на светскиот пазар само свои препарати кои се единствени и ги нема како генерички, на почетокот најавија заминување, но кога ги видоа сите факти и направија пресметките, тие сфатија дека нивните лекови се поефтини во Холандија, Велика Британија и верувајте ниту една компанија не го напушти македонскиот пазар. Тоа е успехот на оваа реформа која успешно ќе стартува во текот на утрешниот ден.“

Тој додава дека досега сите комапнии аплицирале за одобрение за новите цени и дека законот создава можност доколку некој лек го снема веднаш да се направи интервентен увоз.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG