Достапни линкови

Најмалку стотина загинати во вчерашните насилства во Сирија


Во вчерашните насилства во Сирија загинале стотина луѓе. Најмногу во судирите со силите за безбедност во регионот Хомс, соопшти една сиријска организација за човекови права. Жртви имало и во предградието на Дамаск. Сириското министерство за надворешни работи соопшти дека Сирија ќе продолжи да се брани од тероризмот кој, како што се наведува, бил поттикнат од Соединетите држави и другите западни земји. Од почетокот на масовните протести во Сирија против режимот на претседателот Башар ал Асад во март лани, досега, според податоците на Обединетите нации, загинале околу 5 илјади и 400 луѓе.
XS
SM
MD
LG