Достапни линкови

Опожарени помошните простории од црквата „Свети Никола“ во Лабуништа


архивска снимка

Во пожар што избувна синоќа кај црквата „Свети Никола“ во струшкото село Лабуништа биле опожарени трпезаријата и уште една помошна просторија. Пламените јазици не ја зафатиле црквата. ,,Дополнително ќе се утврдува што е изгорено и дали и кој го подметнал пожарот,, изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид. Во Лабуништа синоќа атмосферата била напната, а жителите велат дека се исплашени и оти сигурно некој однадвор е предизвикувач на овие немили сцени. Веднаш по настанот во Лабуништа, како што не информираа од месното население, пристигнале и преставници на мисијата на ОБСЕ во земјата.
XS
SM
MD
LG