Достапни линкови

logo-print

Аукција на фудбалери за новата лига во Индија


Во Индија, земјата каде што најпопуларен спорт е крикетот, стартува фудбалска лига и за таа цел беше одржана аукција на фудбалери и тренери. Пет тимови во идниот месец ќе ги почнат натпреварите во лигата во источната индиска држава Западен Бенгал. Аргентинскиот играч Хернан Креспо беше купен за 840 илјади долари, а капитенот на италијанската репрезентација која стана светски првак во 2006 година Фабио Канаваро доби 10 илјади долари помалку. Петте тимови потрошија скоро 7 милиони долари за купување некој познат странски фудбалер или тренер.
XS
SM
MD
LG