Достапни линкови

logo-print

Пападимос: може ќе треба уште помош за Грција


Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Грчкиот премиер Лукас Пападимос не ја исклучи можноста неговата земја да има потреба од дополнителна помош и по вториот пакет во висина од 130 милијарди евра и отпишувањето на дел од нејзиниот долг. ,,Сега е премногу рано да се каже дали ќе имаме потреба од дополнително финансирање. Наша цел е да ја спречиме таа верзија, изјави изутринава Пападимос по самитот на Европската унија во Брисел. Грчкиот премиер додаде дека се уште има нерешени прашања во преговорите со приватните кредитори на земјата, но не даде никакви детали за тоа прашање.
XS
SM
MD
LG