Достапни линкови

25 членки на ЕУ се согласија за фискалниот договор


Лидерите на ЕУ

Лидерите на ЕУ

Од 27-те земји членки на ЕУ, 25 се согласија на новиот фискален договор, со кој се наметнува фискална дисциплина во еврозоната и се поставуваат избалансирани буџетски правила во националните закони. Договорот го одбија Чешка и Велика Британија.

Новиот договор треба да биде потпишан на Самитот закажан за 1 и 2 март.
Велика Британија која го отфрли договорот на Самитот во март, ќе присуствува како набљудувач, а Чешка може да се приклучи во некоја подоцнежна фаза. Официјална Прага побара повеќе време за проучување на документот.
XS
SM
MD
LG