Достапни линкови

Советот за безбедност на ОН расправа за Сирија


Советот за безбедност на ОН започна дебата за нова резолуција за Сирија. Заедничкиот европско -арапски план, се базира на планот на Арапската лига за ставање крај на 10 месечните немири во Сирија предизвикани од опозициските протести против владеењето на Башар Асад.
Генералниот секретар на Арапската лига Набил Елараби и шеикот на Катар Хамад бин Јасим ал-Тани, ќе го информираат Советот за безбедност за планот на Арапската лига со кој се повикува Асад да се повлече од власта во Сирија.
Русија соопшти дека е против делови од нацрт планот, но дека е подготвена да преговара.
Амбасадорот на САД во ОН Сузан Рајс ја повика светската организација да заврши со „запоставувањето“ на состојбата во Сирија. Во насилствата во земјата досега загинаа повеќе од 5.000 луѓе.
XS
SM
MD
LG