Достапни линкови

Расмусен-НАТО останува во Авганистан до 2014


Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен изјави дека Алијансата се држи до планот за Авганистан, што предвидува странските војници да им ја предадат контролата врз безбедноста на авганистанските сили до крајот на 2014 година. Сепак, тој признава дека конечната фаза во која треба да се предаде контролата врз провинциите и областите ќе почне кон средината на 2013 година.
Неговата изјава доаѓа, откако минатата недела францускиот претседател Николас Саркози изјави дека Франција ќе го забрза своето повлекување и ќе побара од НАТО да ја заврши воената мисија во Авганистан во 2013 година.
Голем број градови веќе се предадени под контрола на авганистанските сили откако транзицијата почна пред една година.
XS
SM
MD
LG