Достапни линкови

Завршува мисијата на МААЕ во Иран


Шефот на тимот на МААЕ во Иран Херман Накертс

Шефот на тимот на МААЕ во Иран Херман Накертс

Тимот на нуклеарни експерти од ОН денеска треба да ја заврши својата тридневна мисија во Иран. Тимот од Меѓународната агенција за атомска енергија бараше одговори на прашањата покренати од еден неодамнешен извештај кој укажува дека нуклеарната програма на Иран може да има воени елементи.
Шефот на тимот на МААЕ Херман Накертс го повика Иран да соработува со мисијата, велејќи дека таквата соработка е долго одолговлекувана.
Спикерот на иранскиот Парламент, Али Лариџани, рече дека посетата е „тест“ за МААЕ, и дека Иран ќе соработува доколку Агенцијата е професионална и не служи како алатка на Западот.
XS
SM
MD
LG