Достапни линкови

Министерот Попоски на состанок на ПСЈИЕ во Белград


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Белград, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. На состанокот, кој се одржува на покана од актуелниот претседавач со Процесот за соработка, српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќна, се очекува шефовите на дипломатиите од земјите учеснички во ова иницијатива да ги разгледаат состојбите во регионот и напредокот кон европските и евроатлантските интеграции.
Се очекува на форумот да учествуваат претставници од Албанија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Романија, Словенија, Грција, Молдова и Турција, како и претставници на ЕУ, ОБСЕ и на Советот за регионална соработка.
Македонија во јуни треба да го превземе претседавањето со ПСЈИЕ .
XS
SM
MD
LG