Достапни линкови

Референдум во Летонија


Рига

Рига

Летонија одржува референдум за тоа дали рускиот да стане втор официјален јазик во земјата. Околу една третина од жителите на Летонија се етнички Руси, наследство од петдецениското советско владеење со оваа балтичка држава.
Русите се жалат на тоа што мора да полагаат летонски јазик за да добијат државјанство или вработување во државниот сектор. Проруската опозициска партија помина добро на парламентарните избори што се одржаа во септември.
Дописниците анализираат дека е малку веројатно дека референдумот ќе успее. Се очекува Москва внимателно да го следи гласањето.
XS
SM
MD
LG