Достапни линкови

Руските опозициони лидери се појавија на владини телевизии


Лидерите на Парнас, Борис Немцов и Владимир Рижков.

Лидерите на Парнас, Борис Немцов и Владимир Рижков.

Двајца руски опозициони лидери во изминатата вечер ненадејно се појавија на посебни политички емисии на телевизии, кои се под контрола на власта. Лидерот на нерегистрираното опозициско движење Парнас, Владимир Рижков се појави на државната телевизија Канал 1 во 22 часот. Додека поранешниот вицепремиер Борис Немцов, исто така лидер на Парнас, се појавил час подоцна на НТВ, која е во сопственост на Газпром и врз кој власта има монопол.

Двете програми биле снимени претходно и во нив имало критики насочени кон премиерот Владимир Путин, кој се кандидира на претседателските избори во март.
XS
SM
MD
LG