Достапни линкови

logo-print

Десетици мртви поради ниските температури во Источна Европа


Десетици луѓе починаа во Источна Европа, поради големите наноси на снег и ниските температури. Украинското министерство за вонредни ситуации соопшти дека 18 луѓе умреле од хипотермија во изминатите денови, а околу 500 луѓе побарале лекарска помош. Најмалку 10 лица смрзнале во Полска, каде температурите се симнаа до -26 степени.
Во Србија три лица починаа, а две се исчезнати и прогласена е вонредна состојба во 14 општини. Во Бугарија еден маж смрзнал, а вонредна состојба е прогласена во 25 реони во земјата. Еден маж починал и во Чешка, како резултат на студеното време.
XS
SM
MD
LG