Достапни линкови

Инспекциите - страв за бизнисмените


Стопанствениците се плашат јавно да зборуваат за проблемите. Анонимно се жалат на висината на казните и ригидниот однос на инспекторите.

Превисоки законски казни, ригиден однос на инспекторите, недоволно познавање на законските и подзаконски акти, кои се менуваат дури и по 15 пати за една материја, за кус период, се меѓу најголемите проблеми на македонските стопанственици. Ова го покажува анкетата на невладината АГТИС, во рамки на проектот „Инспекторот ѕвони, колку што сака“, финансиран од НЕД И БТД, реализирана во 15 градови.
Поплаките на стопанствениците се однесуваат пред се на висината на казните, на тоа дека нема секогаш транспарентност, дека има инспекции кои се одвиваат без легитимирање на инспекторите, дека тие бараат многу ригидни и непознати акти.
Александар Цветкоски, претседател на АГТИС.

Целта на овој проект е всушност зголемување на домашните и странски инвестиции. При тоа е анализирана работата на Управата за јавни приходи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот пазарен инспекторат.
Александар Цветкоски, претседател на АГТИС.
Александар Цветкоски, претседател на АГТИС.

„Поплаките на стопанствениците се однесуваат пред се на висината на казните, на тоа дека нема секогаш транспарентност, дека има инспекции кои се одвиваат без легитимирање на инспекторите, дека тие бараат многу ригидни и непознати акти и навистина видовме дека многу закони се непознати за стопанствениците, а некои подзаконски акти се дури и фантомски“, вели Александар Цветкоски, претседател на АГТИС.
Во цела Македонија има случаи, каде инспекцискиот надзор не се одвивал како што треба. Дополнително, жалбената постапка која е со Устав загарантирана, сега е нарушена, со тоа што се укинати второстепените комисии, морате да се жалите до министерствата, постапките станаа многу сложени, значи она молчење на администрацијата стана уште поголемо.
Александар Цветкоски, претседател на АГТИС.

Тој додава дека токму преку развивање на дискусиониот процесот меѓу бизнис-секторот и стопанските комори, а потоа и соработка со инспекциите, можат да се смират гласините во јавноста дека инспекторите неосновано казнуваат.

„Во цела Македонија има случаи, каде инспекцискиот надзор не се одвивал како што треба. Дополнително, жалбената постапка која е со Устав загарантирана, сега е нарушена, со тоа што се укинати второстепените комисии, морате да се жалите до министерствата, постапките станаа многу сложени, значи она молчење на администрацијата стана уште поголемо“, вели Цветкоски.

Стопанствениците, вели тој, на овој начин чувствуваат правна несигурност, која се реперкуира врз обемот на инвестициите. Бројот на ликвидирани фирми од лани постојано расте. Месечно се затвораат по неколку илјади, некаде дури и 9.000 фирми се затвориле. Сето тоа не е во согласност со декларациите на Владата дека се потребни повеќе, како домашни така и странски инвестиции.

„Тие законски и подзаконски акти мислиме да им ги претставиме во една книга подоцна на работодавците, а ќе имаме и работилници со сите 4 инспекторати, со нивните раководства и инспектори од цела Македонија. Сето тоа ќе го собереме и предадеме на Владата и стопанските комори, со цел законите да се изменат, на еден многу потранспарентен начин“, вели Цветкоски.

Надвор од проектот, стопанствениците многу се плашат јавно да говорат околу своите проблеми. Но, сепак Конфедерација на работодавци ја поддржува секоја инспекциска акција, ако се работи за контрола и секоја казна, ако има прекршок. Менаџерите и стопанствениците сепак велат дека треба да си ги знаат своите права за време на реализација на надзорот. Ако се вршат пофлексибилни контроли во консултација со стопанствениците, многу подобро ќе се спроведуваат законите, а стопанствениците ќе немаат страв од државните инспектори. Така ќе се создава клима за уште поголеми домашни и странски инвестиции.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG