Достапни линкови

Норвешка осуди двајца мажи за терористички напад на дански весник


Еден од обвинетите Шаван Садек Саед Бујак во судот во Осло

Еден од обвинетите Шаван Садек Саед Бујак во судот во Осло

Судот во норвешкиот град Осло осуди двајца мажи за заговарање на терористички напад против данскиот весник кој објави карикатури од пророкот Мухамед. Водачот на нападот Мајкл Давуд е осуден на 7 години затвор, а неговиот соучесник Шаван Садек Саид Бујак на 5 години затвор.
Третиот обвинет Давид Јакобсен е осуден на помала казна од четири месеци затвор, бидејќи на другите осуденици им помогнал само во набавка на експлозивот.
XS
SM
MD
LG