Достапни линкови

Егзекутиран Пакистанец за шверц на дрога во Саудиска Арабија


хероин

хероин

Еден Пакистанец беше егзекутиран во Саудиска Арабија, откако судот го прогласи за виновен за шверц на дрога. Саудиското министерство за внатрешни работи соопшти дека Саламан Кан Тај Мохамед се обидел да прошверцува во земјата голема количина на хероин.
Според државната новинска агенција тој го признал делото, при што Врховниот суд го осудил на смртна казна, која била извршена во Дамам.
Во земјата во изминатата година според Амнести Интрнешнел биле егзекутирани 79 луѓе.
XS
SM
MD
LG