Достапни линкови

Тројца мртви поради снегот и ниските температури во Србија


илустрација

илустрација

Српските власти соопштија дека три лица починале во изминатиот викенд поради големите наноси на снег во регионот. Новинската агенција Танјуг објави дека 49 годишна жена била пронајдена мртва во Ваљево, а еден 52 годишен маж бил пронајден во селото Бобово. Додека пак во селото Таор еден 81 годишен маж починал во неговиот дом од хипотермија.
Големите наноси на снег го отежнаа собраќајот и направија проблеми со струјата. Четиринаесет општини прогласија вонредна состојба, а температурите во текот на изминатат ноќ паднаа до -20 степени.
XS
SM
MD
LG