Достапни линкови

logo-print

Некои азиски земји не се откажуваат од иранската нафта.


Министерот за финансии на Индија Пранаб Мукхереџе

Министерот за финансии на Индија Пранаб Мукхереџе

Неколку азиски земји изразија неподготвеност да им се придружат на САД и ЕУ во нафтеното ембарго врз Иран со цел да го притиснат Техеран околу контроверзната нуклеарна програма.
Министерот за финансии на Индија Пранаб Мукхереџе изјави дека 12 насто од потребите за нафта ги покриваат со увоз од Иран и дека тешко можат да продолжат без иранската нафта.
Неговиот колега од Јужна Кореја Бак Џае Ван пак изјави дека разговорите со Вашингтон за ова прашање се во тек. Кина пак, која е најголем корисник на иранската нафта отфрла какви било нови санкции против Иран. Иран извезува 2,5 милиони барела нафта дневно од кои 2 милона се наменети за азиските земји.
XS
SM
MD
LG