Достапни линкови

Тајланд ја поздрави новата политика на Твитер


Владата на Тајланд ја поздрави како добра идеја одлуката на Твитер да им даде можност на владите да ги блокираат постовите на оваа социјална мрежа во некои земји. Министерот за информации и комуникациска технологија Анудит Накорншап изјави дека владата на Тајланд ,сепак, нема да го цензорира Твитер. Од друга страна, во ноември владата на оваа земја осудила навредливи содржини на интернет против кралското семејство.
Владата ,исто така, побара од Фејсбук да острани 10 илјади страници со, според Талјадската влада, навредлива содржина за момархијата.
Новата политика на Твитер пак, беше критикувана од активисти во светот. Репортери без граници оценија дека идејата дека слободата на изразот се разликува од земја до земја е неприфатлива.
XS
SM
MD
LG