Достапни линкови

Политика и ракомет - најкоментирани теми


Колумните на подмладокот на двете најголеми партии во земјата посветени на ракометот, се најкоменитираните текстови изминатата недела.

Во духот на спортот, поточно на ракометот се и текстовите на двајцата претседатели на подмладокот на двете најголеми партии во земјава, Диме Спасов и Дарко Давитковски, за он-лајн младинската колумна на Радио Слободна Европа на македонски.
Морам на коленици да бидам пред тебе или пред некој од партијата за да ја искористам мојата интелигенција и да не ви ги набројувам државните институции каде што сум конкурирал за работа.

Спасов воскликнува дека спортот обединува и дека се случувала промена на нашата патека и дека во Македонија и децата пееле за бела раса, за бело море. Но токму на ова реагираат речиси сите читатели што испратиле свои коментари.

Борис од Скопје огорчено пишува дека и тој се радува на спортските успеси на нашите спортисти, но дека цел час викање од трибините Гоцева раса не го обединува со никој зашто утре, како што пишува, немам децата со што да ги нахранам. Морам на коленици да бидам пред тебе или пред некој од партијата за да ја искористам мојата интелигенција и да не ви ги набројувам државните институции каде што сум конкурирал за работа - му се обраќа Борис директно на Диме Спасов од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Албон од Тетово го повикува Спасов во тој град да следи натпревар меѓу Шкендија и Вардар, па да чуе такви
Дали на тие што се на власт некој им дал ексклузивно право тие да се поголеми патриоти од другите.
навреди по секоја основа - верска и национална, па ако и тоа го оправдува како срамното скандирање на европското ракометно првенство, пишува дека има голем проблем и дека треба да се советува со умни луѓе и се надева дека со време можеби и ќе созрее како човек.

„Некој“ од Битола прашува дали на тие што се на власт некој им дал ексклузивно право тие да се поголеми патриоти од другите, а Јасмина напишала дека спортот обединува, а политичките пиончиња како него разединуваат пробувајќи да им се умилкуваат на поголемите од нив. Добро што Гоце не може да види што се прави во земјата за која и животот го даде, коментира Јасмина честитајќи им го успехот на ракометарите и пишувајќи дека сите не' направиле горди.

„Пецето“ од Битола ја обвинува партијата на Спасов дека ги расипува ликот и делото на ВМРО и дека сака да се промовира дека таа е заслужна за успехот на ракометарите кои покажале како се игра машки и кога среќата ќе им го сврти грбот. Димитар пишува дека владејачката партија во моменти на спортски успеси се обидува да профитира политички поени со тоа што и сега ја дискридитирале опозициската СДСМ и СДММ.

„Навивач“ меѓутоа, му порачува на Давитковски тој и таквите како него да се тргнеле од трибините затоа што, пишува, на спортот ви текнува само кога треба да бидете видени или да дадете интервју или да напишете колумна.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG