Достапни линкови

logo-print

Владимир Путин бара поголеми инвестиции во науката


Премиерот Владимир Путин упати повик да се зголемат инвестициите во науката и технологијата во 10 годишната програма за истражување на Русија. Ова тој го порачува во текст објавен во весникот „Ведомости“ што е трет текст во кој се презентира неговата платформа пред мартовските претседателски избори.
Путин пишува дека реформите кои почнале во времето на Претседателот Медведев не дале забележлив успех. Путин оценува дека и инвестициската клима е незадоволителна поради систематската корупција и заклучува дека мора да има големи промени во егзекутивата и судството.
XS
SM
MD
LG