Достапни линкови

Турското Роуд Шоу на македонската влада продолжува


Владин тим предводен од премиерот Никола Груевски денеска ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија пред турски стопанственици во Кајсери и Коња.
Предвидени се одвоени средби со претставници на компаниите и работен ручек во Директоратот на Организираната индустриска зона.
Роуд шоуто во Турција утре и задутре продолжува во Газиантеп, потоа во Измир и Бурса, а премиерот Груевски во Анкара ќе има средба со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.
Роуд шоуто во Турција стартуваше синоќа во Истанбул, каде беа претставени инвестициските можности пред 120 компании. .
Mожностите за инвестирање во Македонија покрај премиерот Груевски ќе ги претстават вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот без ресор Веле Самак и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнувње на извозот Висар Фида.
Турските инвестиции кои досега изнесуваа 180 милиони долари, а владата очекува во наредниот период да достигнат до 500 милиони.
XS
SM
MD
LG