Достапни линкови

Иранскиот парламент не расправаше за извозот на нафта во ЕУ


Иранските законодавци го одложија гласањето за предлог законот со кој се забранува извоз на нафта во Европа, поради ембаргото на ЕУ за увоз на нафта од земјата. Потпаролот на комисијата за енергија Емад Хосеини изјави дека во Парламентот не стигнала предложената легислатива.
Според Хосеини се уште нема предлог закон, туку само идеја од законодавците која мора да биде разгледана од комисијата за енергија. Тој се надева дека преговорите за подготовка на предлог законот ќе бидат финализирани пред петок.
XS
SM
MD
LG