Достапни линкови

Иванов се сретна со принцот Мајкл од Кент


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов по денешниот прием на британската делегација предводена од принцот Мајкл од Кент изјави дека британските компании стануваат се позаинтересирани за инвестирање во Македонија. Според Иванов тоа е потврда дека компаниите ги вреднуваат реформите, а пример е „Џонсон Мети“ кои својата најголема фабрика за катализатори во Европа ја изградија во технолошко-индустриската развојна зона во Скопје.
Иванов изрази и благодарност за принципиелната употреба на нашето уставно име во билатералната комуникација и за јасната поддршка за исправноста на државната политика.
XS
SM
MD
LG