Достапни линкови

Прва фаза од гласањето за горниот дом на Парламентот во Египет


Жителите на Египет ја започнаа првата фаза од гласањето на изборите за горниот дом на Парламентот-Советот Шура, кој е советодавно тело. Членовите на Советот Шура и на долниот дом-Народното собрание ќе изберат комисија која ќе го подготви нацртот за новиот Устав.
Гласањето за Советот Шура е во две фази. Првата фаза која е денеска и утре вклучува 13 покраини и градовите Каиро и Александрија. Втората фаза која ќе се одржи на 14 февруари ги вклучува останатите 14 покраини.
XS
SM
MD
LG