Достапни линкови

Неделници - ракомет, национализам и Скопје 2014


Шовинистичките навивања од страна на македонските ракометни фанови и колку чини Скопје 2014 - дел од темите на кои се осврнуваат неделниците.

Спортот, поточно, ракометот, ни донесе пријатни мигови на задоволство во неделата што измина, ама во спортско-патриотската еуфорија низ печатените и електронските медиуми некако срамежливо се спровнаа ретките критички осврти за тоа дека нашите навивачки фанови, нели, наречени „фаланга“ во спортските
Глобус-шовинистички навивања против своите сожители и соседи, особено во трета земја е несватливо
Глобус-шовинистички навивања против своите сожители и соседи, особено во трета земја е несватливо
сали во Ниш, а во белградската Арена во присуство и на претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, ја пееја и познатата „Абре Македонче“ но со променет, навредлив текст за сограѓаните Албанци. Со што по кој знае кој пат покажуваат дека се затруени со најопасниот отров - шовинизмот.

Глобус - Пцујачи од александровата фаланга

На оваа појава се осврнува и најновиот он-лајн Глобус во текстот со наслов: „Пцујачи од александровата фаланга“. И авторот забележува дека шовинистички навивања против своите сожители и соседи, особено во трета земја е несватливо, но дека токму тоа им се случува на нашите „патриоти од тераса“ - како што пишува. Она што е најтажно во случајот, продолжува Глобус, е дека за тие гнасни закани против сопствените соседи нема ниту најмал повод, но обратно - врз најголемата спортска победа фрла сенка на нешто срамно и недостојно. Глобус наведува дека навредувањата и дискусиите продолжиле преку социјалните мрежи и медиумите кои укажуваат дека во земјава отсуствува меѓуетничка доверба, а во едно мултиетничко општество во кое има сиромаштија, а земјата не напредува доволно кон евроатлантските интеграции, се создава фрустрација која многу лесно може да предизвика меѓуетнички инцидент.

Фокус - Колку излажа Груевски за Скопје 2014

Фокус, на насловната оди со фотографија на премиерот Груевски и со констатација во насловот: „Толку излажа Груевски - наместо ветените 80, Скопје 2014, веќе чини 240 милиони евра!“.
Премиерот Никола Груевски на промоцијата на Порта Македонија
Премиерот Никола Груевски на промоцијата на Порта Македонија
А внатре во текстот новинари на неделникот направиле навистина експертска анализа со бројки и факти за тоа колку пари биле предвидени, а колку досега се потрошени буџетски, односно пари од народот за спомениците, зградите, фонтаните, фасадите, постаментите во главниот град. Фокус наведува дека сумата претендира да расте и понатаму, преку фамозните непредвидени трошоци и спорни јавни набавки - испробаниот рецепт со кој се полнат нечии џебови и најчесто сметката на градежната фирма Бетон-Штип. Дали помните дека премиерот ги нарече лажговци сите оние што не веруваа во неговото тврдење дека „Скопје 2014“ ќе не' чинело само 80 милиони евра, и тоа на 8 годишни рати? - прашува, покрај другото, најновото издание на неделникот Фокус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG